Презeнтација на агрегатниот веб портал www.biznisregulativa.mk

БизнисРегулатива | 13.06.2018
Презантација на агрегатниот веб портал www.biznisregulativa.mk
со посебен осврт на Позициските документи подготвени врз основа на усогласеност на четирите стопански комори
 
13 јуни 2018 година (среда)
Стопанска комора на Македонија, сала IV, кат V, Скопје 12:00-13:15 часот
 
Почитувани,
Ве покануваме на презентацијата на новиот агрегатен веб портал www.biznisregulativa.mk
Ова е првиот веб портал во земјата каде претпријатијата ќе имаат можност на едно место да се информираат, прашаат и самооценуваат, преку уникатни алатки кои се соодветно дизајнирани да им овозможат на претпријатијата брз пристап до информации кои се од особена важност за нивната усогласеност со бизнис регулативата.
www.biznisregulativa.mk е продукт на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал заедно со четирите клучни партнери: Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанска комора на северозападна Македонија. Идејата започна од потребата иновативноста да се спои со функционални решенија кои ќе им бидат лесно достапни на претпријатијата во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија.
Во продолжение на настанот посебен осврт ќе биде даден на позициските документи и начинот на нивното подготвување. Овие документи се темелат врз иденитифкуваните проблеми со коишто се соочуваат претпријатијата во Македонија и кои беа посочени на досегашните информативни настани и форуми организирани од проектот. Разработените позициски документи се доставуваат до надлежните институциии со цел да се влијае на промените на
регулативата за прашања кои директно влијаат врз бизнис условите во државата.
Ве молиме, вашето присуство да го потврдите најдоцна до 12 јуни, 2018 година (вторникк) на е-маил: stefan.dodevski@masit.org.mk или тел: 078 296 487 – лице за контакт: Стефан Додевски.
 

Сподели