Одржан информативен настан во Охрид

БизнисРегулатива | 16.05.2018

На 16 мај 2018, во Охрид, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо сесија на тема „Потреба од промена на развојната програма во делот на класификацијата и стандардизацијата во туризмот и угостителството“. Настанот беше наменет за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со потешкотии во имплементирање на законoт, како и информирање на претпријатијата за полесно спроведување на овие регулативи преку јакнење на јавно - приватниот дијалог.

Преку различни излагања, учесниците на информативната сесија беа во можност да дискутираат на теми поврзани со согледување на постоечката состојба,  предлагање на најсоодветни предлози за идниот развој на туризмот и угостителството, иницирање конкретни решенија за финализирање на предложените законски промени како и дополнување на определени законски акти кои што детално би го регулирале спроведувањето на законската регулатива, а со тоа би се постигнал зголемен и подолгорочен развој на туризмот и угостителството. Беа отворени и нови теми и прашања, кои ќе бидат дополнително разработени од тимот на Проектот на УСАИД партнерство за подобра бизнис регулатива, со цел да се олесни работењето на фирмите и истовремено да се допринесе кон подобрување на предложената законска регулатива.

Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите главни чинители. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите воедно ќе ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија.


Сподели