Одржан информативен настан во Неготино

Одржан информативен настан во Неготино
БизнисРегулатива | 03.05.2018

На 3 мај 2018, во Неготино, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо сесија на тема „Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделството за подобрување на локалната економија“. Настанот беше наменет за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со потешкотии во имплементирање на законoт, како и информирање на претпријатијата за полесно спроведување на овие регулативи преку јакнење на јавно - приватниот дијалог.

Преку различни излагања, учесниците на информативната сесија беа во можност да дискутираат на теми поврзани со: потребата од поголеми инвестициите за подигање на нивото на знаења и вештини на лицата инволвирани во земјоделското производство преку трансфер на знаења во рамките на интегрален систем на знаење и информации во земјоделско–прехранбениот сектор, потребата од брз и ефикасен трансфер на знаења и информации во рамките на современиот начин на работа во овој сектор, со цел зголемување и поддршка на инвестициите. Крајниот резултат е зголемување на ефикасноста и конкурентноста на производите од секторот, искористување на можностите од ИТ секторот, потребата од уредување на областа на советодавните услуги во земјоделско-прехранбениот сектор, делувањето на јавните и приватните советодавци согласно законската регулатива, нејзиното спроведување во пракса итн.

Беа отворени и нови теми и прашања, кои ќе бидат дополнително разработени од тимот на Проектот на УСАИД партнерство за подобра бизнис регулатива, со цел да се олесни работењето на фирмите и истовремено да се допринесе кон подобрување на предложената законска регулатива.

Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите главни чинители. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите воедно ќе ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија.  

 


Сподели