Како се движат економските реформи во Македонија?

Колкаво е влијанието на имплементираните реформи по осамостојувањето?

Дали државата го следи истиот тренд на развој на земјите кои поминале низ транзиционен период?

Тимот на USAID задолжен за мониторинг на напредокот на државите го изготви ова истражување врз основа на 9 индикатори поврзани со економскиот развој: приватизација, управување со претпријатија, ценовна либерализација, трговска либерализација, политика на конкуретност, банкарски реформи, небанкарски финансиски реформи и реформи во енергетика и инфраструктура.

 

 

Движењето на економските реформи во Македонија е прикажано компаративно со 8 земји чии економии имаа сличен транзиционен период во деведесеттите години. Најголеми економски реформи во регионот во последните 27 години бележат Романија, Бугарија, Хрватска и Албанија. За секоја од државите е евидентно опаѓање на реформите во периоди кога политичката состојба е нестабилна, особено за време на воени конфликти (Босна, 1992-1995).

Македонија е една од првите земји од соседството која ја започна приватизацијата веднаш по одделувањето од СФРЈ. Државните интервенции на пазарот беа главно во доменот на основните земјоделски производи и енергетика, оставајќи простор за самостојно пазарно формирање на цените на производите и услугите.

Сите податоци за изработка на анализата се преземени од „Извештајот за транзиција“ на Европска банка за обнова и развој, од изданија за годините кои се предмет на оваа анализа. 

Сподели