Колку е поволна бизнис климата во Македонија за започнување и водење бизнис?

Многу повеќе отколку во соседството – според најновите податоци на Светска банка за водење бизнис ( Doing business 2017 ).

За потребите на истражувањето, Светска банка ги издвојува следните 10 индикатори за оцена на бизнис климата во една држава: започнување бизнис, добивање дозволи за градење, пристапност до електрична енергија, регистрирање имот и сопственост, добивање кредит, заштита на малцински инвеститори, плаќање даноци, прекугранична трговија, спроведување на договори и регулација на инсолвентност.
Македонија е рангирана на 11то место од 190 во светот, што е подобар ранг од сите околни држави, како што се забележува и на графиконот. Државата е посветена на подобрување на индикаторите преку структурни реформи во економијата и правната регулатива која се однесува на започнување и водење бизнис.

 

 

 

Сподели