Листа за проверка согласно Закон за практиканство

Листата за проверка е изработена согласно Закон за практикантство (Службен Весник на РСМ број 98/2019). Листата за проверка е ажурирана заклучно со 24.12.2019 година. Листата за проверка е официјална според Државен инспекторат за труд, а е дополнета во делот на прекршочни одредби.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали имате објавено јавен оглас за потребата од ангажман на практикант на својата интернет страница и/или на интернет страницата на Агенцијата за вработување на Република Македонија или друг јавен медиум, којшто содржи информации за условите за практикантската работа?


Дали имате потпишано договор за вршење на практикантска работа со лицето кое ја обавува практикантска работа?


Дали договорот за практикантска работа е склучен во писмена форма и потпишан од двете страни?


Дали договорот за практикантска работа сте го склучиле со лице кое: Не е во работен однос; Не е постаро од 34 години и има завршено најмалку основно образование?


Дали имате извршено пријава на лицето практикант во Агенцијата за вработување на Република Македонија пред започнувањето на вршење на практикантската работа?


Дали имате обезбедено одговорно лице -ментор за континуиран надзор на практикантот, кој ќе ја организира практикантската работа, ќе го следи напредокот на практикантот и ќе осигура остварување на целите за учење и практикантство?


Дали имате склучено договор за практикантска работа за период подолг од шест месеци?


Дали договорот за практикантска работа ги содржи задолжителните елементи?


Дали договорот за практикантска работа е склучен за вршење на работни задачи за конкретно работно место за кое може да се склучи договор за работа?


Дали имате склучено договор за практикантска работа со исто лице повеќе пати?


Дали имате склучено договор за практикантска работа со поголем број на практиканти од законски утврдениот број?


Дали пред склучување на договор за практикантска работа го имате запознаено практикантот со целите задачите и процесот на пректикантската работа во писмена форма?


Дали пред склучување на договор за практикантска работа го имате запознаено практикантот со условите за работа и опасностите поврзани со работата за време на практикантската работа?


Дали го имате запознаено практиканот пред склучување на договор за практикантска работа со вашите општите акти?


Дали водите евиденција на работните часови на практикантот?


Дали за вршењето на практикантската работа имате обезбедено средства за заштита при работа доколку за работното место за кое се врши практикантска работа е пропишано да се користат?


Дали му исплаќате на практикантот месечен надоместок?


Дали надоместокот за обавување на практикантската работа го исплаќате најдоцна до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец?


Дали го исплаќате данокот на личен доход на исплатениот износ на надоместок?


Дали исплаќате придонес врз основа на инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или професионална болест и дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување во случај на повреда на работа и професионално заболување?


Дали му наплаќате на практикантот трошоци за обука, трошоци за превоз, трошоци за работни материјали и други трошоци поврзани со вршењето на практикантската работа?


Дали на практикантот му обезбедувате право на дневен и неделен одмор?


Дали на практикантот му обезбедувате право на платен одмор во траење од два работни дена месечно, доколку работи со полно работно време?


Дали на практикантот му обезбедувате надоместок на трошоци за службени патувања и други надоместоци кои настанале за потребите за вршење на практикантската работа?


Дали договорот за практикантска работа е раскинат спротивно на член 14 став 2 и 3?


Дали писмената изјава за раскинување на договорот за практикантска работа дадена од страна на практикантот одбивате да ја примите?