Листа за проверка согласно Закон за животна средина

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Листата за проверка е ажурирана заклучно со 15.01.2020 година. Листата за проверка е официјална според Државeн инспекторат за животна средина, а е дополнета во делот на прекршочни одредби.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали правното лице има изработено елаборат за заштита на животна средина и истиот го има доставено на одобрување до надлежниот орган, не врши дејности и активности без решение за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина издадено од надлежниот орган и ги исполнува мерките пропишани во елаборатот (член 24)?


Дали правното лице не постапува со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење без добиена лиценца согласно со членот 22-б од овој закон?


Дали физичкото и правното лице кое постапува со средства за ладење и/или со производи кои содржат средства за ладење до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, доставил извештај за видовите и количините на собраните, обновените и рециклираните средства за ладење со кои постапувал согласно со членот 22­б од овој закон?


Дали правното лице не пушта во промет производи, полупроизводи, суровини, хемикалии како и нивните пакувања, на кои нема ознака за можноста за загадување или за можно штетно влијание врз животната средина (член 27 став (1))?


Дали правното лице не пушта во промет полупроизводи, суровини, хемикалии во пакување кое не е означено согласно со членот 27 став (3) од овој закон?


Дали правното лице не се рекламира, етикетира и пушта во промет производ означен со еколошка ознака, на начините и според критериумите кои не се во согласност со членот 29 од овој закон?


Дали правното лице користи уреди и инструменти одобрени во постапката за верификација на мерилата и истите се одржуваат во исправна состојба (член 36 став (2))?


Дали правното лице на изготвувачот му ги доставува потребните податоци за изготвување и одржување на Регистарот на загадувачки материи и супстанции и нивните карактеристики (член 41 став (4))?


Дали правното лице на изготвувачот му ги доставува потребните податоци за изготвување и одржување на Катастарот на животната средина (член 42 став (4))?


Дали субјектите од членот 52 став (1) алинеи 3 и 4 на овој закон обезбедуваат пристап до информациите за животна средина кои ги поседуваат или го сториле тоа во определениот рок и форма (членови 52, 53 и 54)?


Дали субјектите информациите за животна средина кои ги поседуваат, ги ажурираат и ги одржуваат информациите согласно со членот 56­а од овој закон?


Дали е доставено барањето за дозвола за усогласување со оперативен план во пропишаниот рок (член 135 став (5))?


Дали е добиена дозвола за усогласување со оперативен план за продолжување, односно започнување на работата на инсталацијата?


Дали е поднесено известување за реализацијата на оперативните планови и исполнувањето на обврските од оперативниот план заради добивање на интегрирана еколошка дозвола и/или тоа не сторено во определениот рок (членови 138 и 139)?


Дали операторот поднел известување во случаите од членот 141 став (4) на овој закон?


Дали правното лице не гради или реконструира инсталации, без добивање на дозвола и без притоа да се исполнат утврдените норми и стандарди од системот за заштита на животната средина (член 20)?


Дали правното лице не произведува и увезува превозни средства кои не ги исполнуваат условите пропишани за емисиите кај мобилните извори на загадување и за бучава (член 20)?


Дали правното лице не произведува, пушта во промет и употребува одделни производи, супстанции и врши одделни активности и услуги и покрај забраната од членот 21 на овој закон?


Дали правното лице известува за увезените и/или извезените супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или производи кои содржат супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или со супстанциите и/или производите кои ја осиромашуваат озонската обвивка постапува согласно со членот 22­а од овој закон?


Дали правното лице не користи домашна или увезена технологија, или технолошка линија, производ, полупроизвод и суровина којашто не ги исполнува пропишаните норми за заштита на животната средина (член 23)?


Дали правното лице не увезува технологии или технолошки линии, производи, полупроизводи и суровини коишто се забранети во земјата производител или во земјата извозник, од причини за заштита на животната средина (член 23 став (2))?


Дали се чуваат податоците за користењето на природните богатства, суровини и енергијата, за емисиите на загадувачки материи и супстанции, видовите, карактеристиките и количеството отпад и другите податоци предвидени со овој или со друг закон (член 28 став (2))?


Дали се почитуваат условите утврдени од доброволниот договор (член 30)?


Дали се врши мониторинг, во согласност со интегрираната еколошка дозвола (член 36 ставови (4) и (5))?


Дали податоците добиени од мониторингот се доставуваат или ги доставуваат на начин и под услови што ги пропишува органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина (член 37 став (2))?


Дали правните и физички лица доставуваат податоци и информации за животната средина согласно со членот 46 од овој закон?


Дали правното лице го известило органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина за намерата за изведување проект (член 80)?


Дали е донесено решение со кое се дава согласност за спроведувањето на проектот (член 87 став (1)), односно е донесено решение согласно со членот 81 став (4) од овој закон?


Дали е добиена А или Б-интегрирана еколошка дозвола (членови 95 и 123)?


Дали Операторот за време на важноста на А­интегрираната еколошка дозвола и пет години по истекот на важноста не ги чувал сите документи и податоци во врска со барањето, издавањето и мониторингот предвиден со обврзувачките услови во интегрираната еколошка дозвола и дали се направени достапни, по барање на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина или на инспекторатот за животна средина (член 110)


Дали спроведувањето на одделните фази од оперативните планови се спроведуваат во утврдените рокови за реализација (членови 134, 137, 138 и 139)?


Дали правното лице постапило согласно со издадените решенија од државниот или овластениот инспектор?


Дали правното лице не започнало со активности за реализација на проектот без добиено решение за спроведување на проектот?


Дали правното лице го пресметало и/или неточно го пресметало надоместокот и/или надоместокот го уплатило во пропишаните рокови согласно со Главата XVIII од овој закон?


Дали правното лице поднело извештај за реализација на средствата определени со договорот за доделување на средства (член 178)?


Дали правното лице го пресметува и уплатува надоместокот согласно со членот 180 од овој закон?


Дали правното лице не произведува и испушта загадувачки материи и супстанции во животната средина, коишто ги надминуваат пропишаните норми, како и постапува со нив на пропишаниот начин (член 20)?


Дали правното лице не врши увоз, извоз и транзит во/од/низ Република Македонија на опасните супстанции, штетните материи и производи, спротивно на забраната, ограничувањето или контролата од членот 22 на овој закон?


Дали емисиите на супстанциите определни во дозволата се испуштаат согласно со определените гранични вредности (член 107)?


Дали проектот се спроведува во согласност со мерките утврдени во решението со кое се дава согласност за спроведување на проектот (член 87 став (2))?


Дали операциите во инсталацијата се спроведуваат согласно со условите утврдени во интегрираните дозволи (членови 95, 123 и 127)?


Дали емисиите на супстанциите определни во дозволата за усогласување се испуштаат согласно со определените гранични вредности (членови 134, 137, 138 и 139)?


Дали емисиите што се испуштаат или истекуваат во животната средина се во рамките на определените гранични вредности утврдени со овој или друг закон или пропис донесен врз основа на закон?


Дали е доставено известување за присуство на опасни супстанции и/или тоа е сторено во определениот рок (член 147)?


Дали е изготвен извештај за мерките за безбедност со соодветна содржина, и/или е доставен во соодветен рок и/или е соодветно анализиран и обновуван во определениот рок (член 148)?


Дали се преземени неопходните мерки за спречување на хаварии и за ограничување на последиците врз животот и здравјето на луѓето, во производствениот, транспортниот или во системот за складирање во кој се присутни опасни супстанции, во количества поголеми или еднакви на пропишаните (член 148 став (1) точка 2)?


Дали е извршена анализа и ревизија на мерките за безбедност и активностите за спречување на хаварии, како и на извештајот за мерките за безбедност и за тоа не е известен надлежниот орган (член 149)?


Дали надлежниот орган е известен, веднаш, за настанатата хаварија и му се доставени веднаш штом станале достапни податоците за околностите во кои се случила несреќата, опасните супстанции кои се присутни, податоците кои се потребни за проценување на последиците од несреќата по здравјето на луѓето и по животната средина, како и за преземените вонредни мерки (член 151 ставови (1) и (4))?


Дали надлежниот орган е известен за мерките предвидени за ублажување на среднорочните и на долгорочните последици од хаваријата и за спречување на хаваријата и/или ги дополни предвидените мерки и активности со дополнителни факти откриени во истрагата (член 151 став (2))?


Дали е изготвен внатрешен план за вонредни состојби и е доставен на надлежниот орган во согласност со членот 154 од овој закон?


Дали се анализирани и тестирани, обновувани и ревидирани внатрешните планови за вонредни состојби, водејќи сметка за новите технички достигнувања на полето на справувањето со хавариите, во период не подолг од три години (член 154 став (9))?


Дали правното лице постапило согласно со членот 157 од овој закон во случај на штета врз животната средина предизвикана од работата на инсталациите (член 157)?


Дали покрај ограничувањето или забраната за работа изречена од државниот инспектор правното или физичкото лице не продолжило со своите активности, или ги ограничува своите емисии се додека квалитетот на животната средина не биде доведен во рамките на утврдените стандарди за квалитет?


Дали е изготвена студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина и истата е доставена до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина (член 83)?