Закон за данокот на личен доход

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Листата за проверка од областа на даноци е ажурирана заклучно со 31.01.2020 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Обврска како исплатувач на доход да пресметате и уплатите аконтација на данокот на доход за секој поединечен обврзник (физичко лице –остварувач на доходот) при секоја поединечна исплата на некој од следните видови доход: доход од работа; доход од авторски права и сродни права, доход од права од индустриска сопственост; доход од капитал; доход од закуп и подзакуп; доход од осигурување, добивки од игри на среќа; други приходи.


Дали знаете дека како исплатувач на доход имате обврска, пред секоја исплата на доходот на кој аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, до органот за јавни приходи да доставите пресметка за бруто приходот, одбитоците, пресметаниот данок по одбивка и нето приходот за исплата, за секој обврзник поединечно.


Дали знаете дека како исплатувач на доход имате обврска пресметката да ја доставите до УЈП по електронски пат.


Дали знаете дека како исплатувач на доход, пред да се изврши плаќањето на данокот и исплатата на нето доходот пресметката треба да е одобрена од Управата за јавни приходи.


Обврска како обврзник за пресметка и уплата на данок на доход по основ на плата, надоместок на плата и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот, пресметката да ја вршите месечно, поединечно за секој обврзник за плаќање за соодветниот месец и податоците за пресметана плата или дел од плата, надоместок на плата и исплата по основ на деловна успешност да ги доставите до УЈП најдоцна до 10-ти во тековниот за претходниот месец по електронски пат на образец пропишан со Правилникот.


Обврска како исплатувач на доход на странско физичко лице да ги примените одредбите од важечкиот Договор за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Република Македонија и државата на која е резидент физичкото лице, доколку истото го докаже статусот на даночен резидент на државата со која Република Македонија има склучено Договор.


Обврска како исплатувач на доход на странско физичко лице, за да го примените даночното ослободување или пониската стапка одредена во Договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Репубика Македонија и државата на која е резидент странското физичко лице, да располагате со заверени обрасци од надлежниот даночен орган на странската држава и од Управата за јавни приходи, или да поседувате одобрение за даночно ослободување издадено од Управата за јавни приходи.


Обврска како исплатувач на доход на странско физичко лице, со цел да ги примените одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Репубика Македонија и државата на која е резидент странското физичко лице, да поседувате 3 примероци од образецот „Б-ИДД/ВД“ - Барање за олеснување односно ослободување од данок на доход по видови на приходи, заверени од странскиот даночен орган и истите да ги доставите до надлежната Регионална дирекција на УЈП пред секоја исплата на приходот.


Доколку сакате да проверите одредена исплата (надоместоци за помош, смрт, штети, награди, стипендии и сл.) дали подлежи на ослободување од оданочувањето истото може да го проверите во член 12 од законот.


Доколку вршите исплата на надоместоци на трошоци за хотелско сместување во износ најмногу до 6.000 денари дневно и надоместоци на трошоци за превоз на лица кои не се ваши вработени а се ангажирани во функција на вашата дејност, немате обврска за истите да платите данок доколку поседувате документирани докази за направените трошоци, извештај и документи за основаноста на ангажманот и со потврден временски редослед меѓу сместувањето, превозот и извршената работа


Во периодот од 2020 до 2022 година за доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, добивките од игри на среќа, доходот од осигурување и друг доход, данокот се плаќа по единствена стапка од 10%


За доходот по основ на добивки од игри на среќа, данокот се плаќа по единствена стапка од 15%


Обврзникот кој поради определени околности не е во состојба да ги води деловните книги, или нивното водење значително му го отежнува вршењето на дејноста, има право да поднесе барање до органот за јавни приходи, данокот на доход остварен од вршење самостојна дејност да го плаќа според паушално утврден нето-доход.