Листа за проверка согласно Закон за безбедност и здравје при работа

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Листата за проверка е ажурирана заклучно со 27.01.2020 година. Листата за проверка е официјална според Државниот инспекторат за труд, а е дополнета во делот на прекршочни одредби.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали работодавачот има изготвено изјава за безбедност според прописот од членот 11 и спроведено на истата во писмена форма


Дали работодавачот им овозможил на вработените непосредно или преку свој претставник да учествуваат во утврдување на недостатоци и во подобрување на условите за работа, согласно чл.13, за опасности и последици кои произлегуваат при избор на работна опрема


Дали работодавачот не им дозволил пристап на вработени лица на работни места кои се изложени на сериозни и специфични опасности, а при тоа дали добиле добиле посебни упатства за работа


Дали работодавачот не им става финансиска обврска на вработените лица заради обезбедување на мерките за безбедност и здравје при работа, како и нарушувањето на здравјето на вработените


Дали работодавачот има назначено едно или повеќе стручни лица одговорни за безбедност при работа


Дали работодавачот има ангажирано овластена здравствена установа за вршење стручни задачи за здравје при работа


Дали работодавачот донел безбедносни мерки против пожар според посебни прописи


Дали работодавачот има донесено мерки за прва помош и евакуација за случај на опасност


Дали работодавачот обезбедил лична заштитна опрема за вработените како и нејзина употреба


Дали работодавачот извршил повремени прегледи и испитувања на работната средина и опрема


Дали работодавачот извршил здравствени прегледи на вработените


Дали работодавачот го известил органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата за труд за започнување со вршење на дејноста, осум дена пред започнувањето со истата


Дали работодавачот го известил писмено органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата за труд пред започнувањето со градежните работи за местото каде што ќе се изведуваат работите


Дали работодавачот утврдил план за евакуација и спасување за вонредни ситуации


Дали работодавачот организирал и обезбедил давање на прва помош на вработените во случај на повреда при работа


Дали работодавачот ги информирал вработените за безбедно извршување на работата преку писмени известувања и упатства


Дали работодавачот не ги ставил на одговорност вработените кои го напуштиле работното место поради настаната сериозна и неизбежна опасност


Дали работодавачот ги информирал вработените и претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа, времено вработените или вработените на друг работодавач, за секој ризик на работното место, како и за безбедносните мерки за елиминирање на штетните последици


Дали работодавачот им дозволил на вработените и претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа да учествуваат во дискусии за сите прашања кои се однесуваат за безбедност и здравје при работа


Дали работодавачот им ја презентирал изјавата за безбедност на вработените и на нивните претставници?


Дали работодавачот му овозможува на претставникот на вработените непречено да ја врши неговата функција?


Дали работодавачот му обезбедил на секој вработен соодветна обука за безбедност и здравје при работа преку теоретска и практична обука, за случај на вработување, преместување на ново работно место, воведување на нова технологија или средства за работа, како и при измена на работниот процес?


Дали работодавачот ги одржува средствата за работа во исправна состојба преку повремени прегледи и испитувања во рокови утврдено со актот што тој го донесува, односно според упатствата на производителот, техничките прописи и стандарди?


Дали работодавачот ставил во употреба опрема за работа која не е испитана за безбедно работење?


Дали работодавачот извршил испитување на хемиските, биолошките, физичките штетности, микроклима и осветленост во работните и помошните простории?


Дали работодавачот извршил микроклиматски испитувања во рок од една година од денот на започнување на објектот со работа, односно по секоја промена на технолошкиот процес, реконструкција на објектот, реконструкција на техничките инсталации или при измена на технолошката опрема?


Дали работодавачот во рок од 48 часа го известил органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот и претседателот на синдикалната организација, согласно чл. 36, за секој смртен случај, колективна несреќа и повредите при работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од 3 работни дена и секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа?


Дали работодавачот води евиденција согласно закон?


Дали работодавачот ги запознал студентите со мерките за безбедност и здравје при работа пред започнување со практичната работа во рудниците?


Дали студентите кои изведуваат практична работа кај работодавачот потпишале изјава дека се запознаени со мерките за безбедност и здравје при работа?


Дали работодавачот постапил по решение на инспекторот за труд и во определениот рок ги отстранил утврдените неправилности и недостатоци?