Закон за работни односи со казнени одредби

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Листата за проверка за Законот за работни односи е доработена и ажурирана заклучно  со 15.01.2020.  Листата за проверка е официјална според Државниот инспекторат за труд, а е дополнета во делот на прекршочни одредби.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали работодавачот има огласено јавен оглас и објавување на слободни места и дали јавниот оглас ги содржи елементите предвидени во чл.23 ст.1


Дали работодавачот ја почитувал забраната за дискриминација на полова основа при објавување на слободни работни места


Дали работодавачот пред склучување на договорот за вработување го запознал кандидатот со условите на работа како и правата кои се поврзани со вршењето на работите на работните места.


Дали работодавачот ги информирал работниците на определено време за слободните работни места преку објава на видно место кај работодавачот


Дали се испратени писмени известувања на неизбраните кандидати кој кандидат е избран во рок од 5 дена од денот на склучувањето на договорот за вработување и дали им се вратени сите докумнети што ги доставиле како доказ за исполнување на бараните услови


Дали со работниците се потпишани договори за вработување.


Дали на вработените им се врачени копија од пријавата за задолжително социјално осигурување


Дали работодавачот има ангажирано лица на работа без договори за вработување


Дали работодавачот ги чува договорите за вработување во работните простории во седиштето на работодавачот


Дали на вработените им се врачени договорите за вработување


Работодавачот не склучил договор за вработување со лице кое не наполнило 15 години возраст и кое нема општа здравствена способност


Дали работодавачот склучил договор со лице кои ги исполнува условите за работа согласно со закон и посебните услови утврдени од работодавачот


Дали работодавачот склучил договор со лице со странски државјанин и лица без државјанство согласно со ЗРО и други посебни закони


Дали договорот за вработување ги содржи задолжителните елементи


Дали измената на договорот за вработување е направена со анекс на договорот во писмена форма


Дали работодавачот склучил нов изменет договор за вработување доколку го испраќа работникот на работа во странство


Дали кај работодавачот има договори за вработување на определено време подолго од 5 години.


Дали работодавачот го има доставено на инспекторот на трудотдоговорот за вработување за вршење на работа дома во рок од три дена од денот на склучувањето на договорот


Дали работодавачот има склучено договор за вработување со приправници.


Дали има склучено договори за вработување со пробна работа.


Дали копија од склучениот договор за изведување волонтерски стаж во рок од три дена од потпишувањето е доставена до инспекцијата на трудот.


Дали откажувањето на договорот за вработување од страна на работникот е направено со писмена изјава.


Дали е дадено писмено предупредување на работникот за неисполнувањето на обврските и можноста за отказ во случај работникот да не го подобри своето работење (постапка пред отказ од лични причини)


Дали откажувањето на договорот за вработување од страна на работодавачот е направено во писмена форма и од основани причини за отказ поврзани со: лична причина на страна на работникот, причина на вина или деловна причина.


Дали отказот на договорот за вработување е лично врачен или објавен на огласна табла во просториите на работодавачот.


Дали парична казна се изрекува во висина и траење предвидено со законот.


Дали одлуката за откажување на договорот за вработување, односно одлуката за изрекување на парична казна е во писмена форма


Дали е извршено информирање и консултирање на вработените за прашања кои се од значење за нивната економска и социјална положбапри колективни отпуштања од деловни причини во трговско друштво, јавно претпријатие и друго правно лице што имаат над 50 работници и на установи што имаат над 20 работници


Не е направено вработување на друг работник со иста стручна подготовка и занимање во рок од две години од денот на откажување на договорот за вработување поради деловни причини


Дали договорот за вработување е откажан за време на бременост, раѓање и родителство


Дали е направено продолжување на договорот за вработување најмногу до 67 години возраст на работникот по претходна писмена изјава


Дали платата на работникот е еднаква на или повисока од минималната плата


Дали работодавачот исплаќа додатоци од плата во висина утврдена со Колективен договор


Дали за еднаква работа со еднакви барања на работното место им се исплатува еднаква плата и на мажите и на жените.


Дали платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период


Дали работодавачот што вработува инвалидни лица платата им ја исплаќа на трансакциона сметка, и дали платата ја подигнува инвалидното лице или член од неговото семејство


Дали работодавачот издава месечна пресметка на плата, придонесите од плата и надоместоците на платата за платниот период


Дали работодавачот издава годишна пресметка на плата, придонесите од плата и надоместоците на платата за платниот период


Дали работодавачот исплаќа надоместок на платата во случаите на отсутност од работа поради користење на годишниот одмор, платениот вонреден одмор, дообразување, со закон определени празници и од работа слободните денови и во случаите кога работникот не работи од причини на страна на работодавачот


Дали работодавачот исплаќа надоместок на платата во случаите на неспособност на работникот за работа поради негова болест или повреди до 30 дена.


Дали во случај на неспособност на работникот за работа поради повреди настанати заради необезбедување на мерките утврдени со прописите од областа на безбедност и здравје при работа од страна на работодавачот, работодавачот исплаќа надоместок на плата и над 30 дена, врз основа на записник од органот на државната управа надлежен за работите од областа на инспекцијата на трудот.


Дали надоместоците на плата се пресметуваат и исплатуваат врз основа на просечната плата на работникот во последните 12 месеци.


Дали во случај на прекин на работниот процес од деловни причини, работодавачот на работникот му издал решение и му иплатил 70% од платата за период до три месеца во тековната година


Дали на работникот му се исплаќа надомест на трошоци поврзани со работата (службено патување, теренски додаток, користење на приватен автомобил за службени патувања, одвоен живот од семејството и смрт на работникот или член на неговото семејство) согласно основицата утврдена со колективен договор


Дали на работникот кој заминува во пензија му е исплатена отпремнина во висина утврдена со колективен договор


Исплатената плата на работникот – приправник не е помала од 70% од основната на работното место за кое се оспособува 


"Дали работодавачот води евиденција на полно работно време и прекувремената работа: - Над 25 вработени – електронска евиденција - До 25 вработени – евидентен лист за присуство "


Дали електронската евиденција се води согласно Правилникот.


Дали часовите од прекувремената работа се посебно наведени во месечната пресметка на платата на работникот


Дали прекувремената работа трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно


Дали на работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината му е е исплатен бонус во висина од една просечна плата


Дали е доставено писмено известување за воведување на прекувремена работа до подрачниот државен инспектор на трудот


Дали се почитува забраната на вршење работа подолго од полното работно време согласно член 120 од законот?


Дали има работници кои работат особено тешки, напорно и штетни по здравјето работи, на кои работното време им се скратува сразмерно на штетното влијание врз нивното здравје. Дали работодавачот има обезбедено одобрение за работа со скратено работно време на овие работници Дали се исполнети условите инспекторот на труд да утврди скратено работно време.


Работодавачот на работникот кој работи со неполно работно време не му наложил да работи подолго од договореното работно време, освен во случаите од членот 119 на овој закон


Дали работодавачот во договорот за вработување со неполно работно време го утврдил почетокот и завршетокот на неполното дневно работно време на работникот и дали води посебна евиденција за работниците со неполно работно време.


Прераспределбата на работното време не е подолго од 40 часа во работната недела во текот на годината


Распределбата на работното време за сезонска работа не е подолго од 12 часа дневно или 55 часа неделно, за време не подолго од четири месеци


Дали е исплатен додаток на плата на основ на прекувремена работа на лице кое има прераспределени работни часови


Дали се почитува забраната за прераспределба на работни часови на помлад работник, работник – инвалидно лице, бремена работничка, работник кој постојано се грижи за дете до три годишна возраст, работник – самохран родител кој постојано се грижи за дете помладо од 15 годишна возраст


Дали се организира работа во смени во согласност со одреден план и дали тој план се доставува до синдикалната организација кај работодавачот.


Дали работодавачот, кој користи редовно работници за ноќна работа ја известил инспекцијата на трудот


Дали работник по добиено мислење лекарска комисија дека работата ноќе му ја загрозува неговата здравствена состојба е ангажиран на соодветна работа дење


"Дали работодавачот на свој трошок на работниците кои работат ноќно им обезбедил: - подолг одмор - соодветна храна или надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата - стручно раководство - лекарски прегледи "


Дали работодавачот има обезбедно периодично менување на работниците кога работата се врши во смени.


Дали работодавачот има обезбедено превоз на работникот кој е распределен да работи ноќна смена


Работното време на работникот кој работи ноќе на работно место, каде што постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, не трае повеќе од осум часа дневно


Работничка од областа на индустријата и градежништвото не е распоредена на работа ноќе каде не може да оствари одмор од најмалку седум часа во времето меѓу 22,00 часот и 5,00 часот наредниот ден.


"Пауза за време на работно време: Дали на работникот кој работи шест часа и подолго од шест часа му е обезбедена пауза во траење од 30 минути, а на работник кој работи најмалку четири часа дневно, му е обезбедена пауза во траење од 15 минути "


"Дневен одмор: Дали на работникот му е обезбеден дневен одмор од најмалку 12 часа непрекинато меѓу два последователни работни дена во текот на 24 часа "


"Неделен одмор: Дали на работникот му е обезбеден неделен одмор од најмалку 24 часа непрекинато, плус 12 часа дневен одморнепрекинато меѓу два последователни работни дена во текот на 24 часа "


Годишен одмор: Дали на работникот му е овозможен платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена


Дали на повозрасен работник, инвалид, работник со најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува и чува дете со телесн или душевен недостаток му се овозможени уште три работни дена годишен одмор


Дали на работникот му е издадено решение за правото на користење на годишен одмор


Дали на работникот кој за првпат заснова работен однос му е овозможено правото на цел годишен одмор, по остварена непрекината работа од најмалку шест месеца кај ист работодавач


Дали на работникот му е овозможено користење на пропорционален дел на годишниот одмор во вкупен износ од по два дена за секој месец работа


Дали еден дел од годишниот одмор на работникот трае најмалку две непрекинати работни недели до крајот на тековната година, а остатокот е искористен до 30 јуни идната година


Дали работник чијшто годишен одмор којшто не бил искористен во тековната календарска година заради отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете истиот е искористен до 30 јуни идната календарска година, односно за работникот кој работел во странство му е овозможено во целост да го искористи годишниот одмор до крајот на идната календарска година


Дали на работник со договор на неполно работно време му е обезбеден годишен одмор со минимално времетраење од десет работни дена


Дали работодавачот по престанувањето на работниот однос му издал на работникот потврда за искористен годишен одмор


Дали работникот има право два дена од годишниот одмор да ги искористи во деновите кои самиот ќе ги определи


Дали на работникот му е овозможен платен одмор заради лични и семејни околности (за склучување на брак, раѓање на дете (само на таткото) и/или смрт на близок роднина), до седум работни дена


Дали има работници на неплатено отсуство до три месеци во календарската година, на кои им мируваат правата и обврските од работен однос


Дали работниците работат на ден на празници


Дали подрачниот државен инспектор на трудот е известен за секое воведување на работа на државен празник


Дали на работникот му е овозможено отсуство од работа со надоместок на плата во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда


Дали работникот кој доброволно дава крв користи право на отуство од работа два последователни работни дена за секое дарување крв


Дали на работникот кој се образува, дошколува или оспособува за потребите на работниот процес или од сопствен интерес, му е дадено платено отсуство од работа заради полагање на испити


Дали е донесен акт за посебните услови за работа за секое поединечно место


Дали работодавачот (обврската не се однесува на помалите работодавачи) донел акт со кој ги определил посебните услови за вршење на работата на секое поединечно работно место


Дали се донесени Правила за работниот ред и дисциплина


Дали работникот е запознаен со мерките за безбедност на здравје при работа и обучен за нивната примена


Дали работодавачот има обезбедено услови за безбедност на животот и здравјето на работниците во согласност со посебните прописи за здравје и безбедност при работа


Дали работодавачот ја почитува и штити личноста и достоинството на работникот, како и води сметка и да ја штити приватноста на работникот


Работникот не е жртва на вознемирување и полово вознемирување


Дали работодавачот ги запознал вработените со мерките и постапката во врска со заштитата од вознемирување на работното место


Дали работодавачот со 50 или повеќе вработени има листа на посредници


Дали е обезбедена заштита на личните податоци на работникот од страна на работодавачот или работникот, кого работодавачот за тоа посебно го овластил


Дали е обезбедена заштита на правата на работниците во случај на пренесување на трговско друштво или делови од трговско друштво


Дали претставниците на работниците се информирани и/или консултирани од страна на работодавачот за прашања наведени во чл.94-а


Работничките не вршат подземни работи во рудниците


Дали работникот кај кого е утврдена намалена работна способност за 50%, согласно со прописите за пензиско и инвалидско осигурување, има скратено работно време или е прераспределен на друга соодветна работа


Дали на работникот кај кого постои непосредна опасност од настанување на инвалидност, работодавачот му обезбедил распоредување на друга соодветна работа и надомест на плата во висина на разликата меѓу платата на која работел пред распоредувањето и платата на новото работно место


На работник повозрасен од 57 години за жени и 59 години за мажи не му е одредена прекувремена или ноќна работа


За време на бременост или со дете до една година возраст, работничката не врши прекувремена работа или не работи ноќе


Прекувремена работа или работа ноќе се врши по претходна писмена согласност од: - работничката која има дете од една до три години возраст; - татко на детето, односно работникот кој го негува детето, доколку мајката умре, го напушти детето, односно е неспособна за самостојно живеење и работа; - родител кој има дете помладо од седум години или тешко болно дете или дете со телесен или душевен недостаток и кој живее сам со детето и се грижи за неговото воспитување и заштита


Дали на работничка и е обезбедено платено отсуство од работа во траење од девет месеца непрекинато, односно 15 месеци доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе)


Дали на работничка која посвоила дете и е обезбедено отсуство до наполнување на деветмесечна возраст на детето, а доколку посвоила повеќе деца (две или повеќе) до 15 месеци


Дали работникот се вратил на истото работно место по завршувањето на родителското отсуство


Дали на работничка која родила мртво дете или детето починало пред истекот на отсуството поради бременост и е обезбедено продолжено отсуство за време колку што според наодот на лекар е потребно да закрепне, а најмалку 45 дена


Дали на родителите на дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби им е обезбедено половина од полното работно време, во случај кога двајцата родители се во работен однос или ако родителот е самохран, а детето не е сместено во установа за социјално-здравствено згрижување


Дали на работничка по завршувањето на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство и е овозможено да користи неплатено родителско отсуство до три месеци до навршување на тригодишна возраст на детето


Дали на работничка која го дои детето и се овозможува платена пауза во текот на работното време, во траење од еден и пол час дневно, во кое се засметува и дневната пауза, до наполнување една година возраст на детето


На работник кој се уште не наполнил 18 години возраст, работодавачот не му наложува да врши тешки физички работи, работи кои се вршат под земја или под вода, работи со извори на јонизирачки зрачења и други работи кои можат штетно и со зголемена опасност да влијаат на здравјето, односно здравствениот развој со оглед на неговата психофизичка специфичност


Дали работникот кој се уште не наполнил 18 години возраст не е подолго од осум часа дневно и 40 часа неделно на работа и користи одмор од 16 последователни часови во текот на периодот од 24 часа


Работникот кој се уште не наполнил 18 години возраст не работи ноќе меѓу 22,00 часот и 06,00 часот наредниот ден


Дали работникот кој се уште не наполнил 18 години возраст има утврден годишен одмор зголемен за седум работни дена


Дали синдикалниот претставник има заштита предвидена со закон или колективен договор


Работодавачот по барање на синдикатот издал потврда со списокот на членовите на синдикатот кои се вработени кај него и плаќаат чланарина


Дали работодавачот постапил по донесеното решение на инспекторот за труд за отстранување на утврдените неправилности


Дали работодавачот по донесеното решение од инспекторот на труд со затечените непријавени лица без јавен оглас засновал работен однос на неопределено време и во наредните три месеци не го намалил вкупниот број на вработени


Дали работодавачот за време на забраната за работа на работниците им исплатува надомест на плата најмалку 70% од исплатената плата на работникот во претходниот месец и придонеси од плата и за време на забраната го намалил бројот на вработените