Листа за проверка согласно Закон за природа

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Листата за проверка е ажурирана заклучно со 15.01.2020 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали правното лице дозволува непречен премин на други лица и друга употреба на земјиштето кое го има во сопственост, заради спроведување на предвидените мерки и активности за заштита на природата?


Дали правното лице не организира движење со моторни возила или не се движи со моторни возила во природата, освен во населени места и сите видови патишта, уредени патеки и полигони за возење (член 10)?


Дали правното лице недозволено не извршило промена на користењето на земјиштето спротивно на одредбите од овој или друг закон и со тоа предизвикало штета во природата (член 11)?


Дали правното лице не спроведува научно истражување во природата на подрачјето на национален парк без претходна најава (член 24)?


Дали правното лице го известило органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштитата на природата за добиените резултати од спроведеното истражување (член 24)?


Дали правното лице не користи неселективни средства за заробување или отстрел на заштитени диви животни, како и средства кои можат да предизвикаат локално исчезнување или сериозно вознемирување на популациите (член 43)?


Дали правното лице недозволено не организира студиски посети во функција на остварување на научно истражување (член 71 став (1) точка 2)?


Дали правното лице недозволено не организира движење на луѓе надвор од утврдените патеки во недозволени цели во подрачјето на строгиот природен резерват (член 71 став (1) точка 3)?


Дали правното лице не пали оган во подрачјето на строгиот природен резерват (член 71 став (1) точка 4)?


Дали правното лице недозволено не собира семе и семенски материјал, диви растенија, габи и животни заради научни истражувања (член 71 став (1) точка 5)?


Дали правното лице недозволено не собира семе и семенски материјал, диви растенија, габи и животни заради обновување на популациите на друго подрачје (член 71 став (1) точка 5)?


Дали правното лице недозволено не собира семе и семенски материјал, диви растенија, габи и животни заради обновување на популациите на друго подрачје на начин и во период кои можат да предизвикаат нарушување на екосистемот (член 71 став (1) точка 5)?


Дали правното лице не презема активности со кои се загрозува изворноста на природата во националниот парк (член 75 став (1))?


Дали правното лице не врши туристичко­рекреативни дејности, како и екстензивно земјоделство и рибарство на начин со кој се загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа (член 75 став (2))?


Дали правното лице не презема активности кои ги загрозуваат обележјата и вредностите, заради кои определено подрачје е прогласено за споменик на природата (член 76)?


Дали правното лице не презема активности на несоодветно искористување на земјиштето во паркот на природата (член 81)?


Дали правното лице не постапува спротивно на одредбите од членот 82 на овој закон?


Дали правното лице го чува, односно се грижи за природното наследство кое се наоѓа на имот кој е во негова сопственост (член 113)?


Дали правното лице овозможува спроведување на дозволено истражување, проучување или мониторинг на природното наследство кое се наоѓа на имот кој е во негова сопственост (член 115)?


Дали правното лице не организира снимање филмови или фотографирање, односно снима филмови или фотографира со електронска опрема во спелеолошки објект, без дозвола (член 124 став (1) точка 4)?


Дали правното лице недозволено не користи или уредува спелеолошки објект или негов дел (член 124 став (1) точка 1)?


Дали правното лице недозволено не затвори влез или некој дел од пештера (член 124 став (1) точка 2)?


Дали правното лице недозволено не врши изградба, обнова или санација на какви било подземни објекти (член 124 став (1) точка 2)?


Дали правното лице не спроведува недозволени истражувања или изведува експерименти во спелеолошки објекти (член 124 став (1) точка 3)?


Дали правното лице недозволено не собира растенија, габи или животни од спелеолошки објекти или негов дел (член 124 став (1) точка 3)?


Дали правното лице не презема активности кои на кој било начин можат да влијаат врз темелните карактеристики, условите и природната флора и фауна во спелеолошкиот објект или неговото надземно заштитно подрачје (член 124 став (1) точка 5)?


Дали правното лице дозволува пристап и разгледување на спелеолошкиот објект кој се наоѓа на имот кој е во негова сопственост, за дозволени цели (член 126)


Дали правното лице не презема активности кои можат да доведат до уништување или значајно или трајно оштетување, како и загуба на видовите и/или живеалиштата заради кои подрачјето е идентификувано како еколошки значајно подрачје (член 53 став (5))?


Дали правното лице не презема активности за користење на природата на начин кој предизвикува оштетување или уништување на биолошката разновидност (член 12 точка 1)?


Дали правното лице не презема активности за користење на природата на начин кој предизвикува деградација на почвата и губење на нејзината плодност (член 12 точка 2)?


Дали правното лице не презема активности за користење на природата на начин кој доведува до оштетување на површинските или подземните геоморфолошки формации (член 12 точка 3)?


Дали правното лице не користи забранети средства за заштита на растенијата (член 13)?


Дали правното лице не презема активности за користење на природните ресурси чие користење е ограничено или забрането (член 14)?


Дали правното лице не презема активности за користење на природните ресурси во обем кој не соодветствува на ограничувањето пропишано од министерот за животна средина и просторно планирање (член 14)?


Дали правното лице не преземало активности во природата, а за кој е должен да изработи елаборат за оцена на прифатливоста за природата согласно со членовите 18 став (2) и 18­а, како и го доставил на одобрување на надлежниот орган?


Дали правното лице не преземало активности во природата без претходно добиено одобрение за прифатливост на проектот или постапило согласно со елаборатот (член 18­а став (2))?


Дали правното лице недозволено не собира засегнати и заштитени видови растенија, габи и животни (член 23)?


Дали правното лице недозволено не врши заробување и отстрел на животни (член 23)?


Дали правното лице поднело извештај за продадени или извезени количини во рокот определен во членот 23 од овој закон?


Дали правните лица засегнатите и заштитени видови растенија, габи и животни и нивни делови не се собираат спротивно на условите пропишани во членот 23­а од овој закон и прописите кои произлегуваат од него?


Дали правното лице не врши промет без претходна дозвола, односно сертификат за промет (член 30)?


Дали правното лице не користи примероци кои ги внел во прометот за поинаква цел од онаа која била наведена во дозволата (член 31)?


Дали правното лице не чува автохтони диви животински видови во несодветни услови во заробеништво (член 32)?


Дали правното лице не чува автохтони и алохтони диви видови во заробеништво без довола (член 33)?


Дали правното лице не постапува спротивно на забраната од членот 38 став (1) на овој закон?


Дали правното лице пријавило пронаоѓање на мртви, болни и повредени единки од строго заштитени диви видови животни во органот на државната управа надлежен за вршење на работита од областа на заштитата на природата (член 40)?


Дали правното лице не користи неселективни средства за заробување или отстрел на заштитени диви животински видови, како и средства кои можат да предизвикаат локално исчезнување или сериозно вознемирување на популациите (член 43)?


Дали правното лице не презема активности за изградба на објекти покрај природните извори, покрај брегот на природните водотеци, крајбрежјето на природните и вештачките езера, како и плавените рамнини на водотеците спротивно на одредбите од овој закон (член 58)?


Дали правното лице не презема активности за стопанисување со пасишта и тревни површини кое не е на традиционален начин (член 60)?


Дали правното лице не постапува спротивно на одредбите од членот 71 на овој закон?


Дали правното лице не запалило оган во подрачјето на националниот парк на места кои не се утврдени како места за палење оган во планот за управување со националниот парк (член 75 став (1))?


Дали правното лице не постапува спротивно на одредбите од членот 76 на овој закон?


Дали правното лице овозможува спроведување на дозволено истражување, проучување или мониторинг на природното наследство кое се наоѓа на имот кој е во негова сопственост (член 115)?


Дали правното лице недозволено не затвори влез или некој дел од пештера (член 124 став (1) точка 2)?


Дали правното лице недозволено не врши изградба, обнова или санација на какви било подземни објекти (член 124 став (1) точка 2)?


Дали правното лице не спроведува недозволени истражувања или изведува експерименти во спелеолошки објекти (член 124 став (1) точка 3)?


Дали правното лице недозволено не собира растенија, габи или животни од спелеолошки објекти или негов дел (член 124 став (1) точка 3)?


Дали правното лице не презема активности кои на кој било начин можат да влијаат врз темелните карактеристики, условите и природната флора и фауна во спелеолошкиот објект или неговото надземно заштитно подрачје (член 124 став (1) точка 5)?


Дали правното лице пријавило пронаоѓање на минерали и фосили кои имаат стекнато статус на природно наследство (член 131)?


Дали правното лице не стопанисува со шумските екосистеми спротивно на Програма за управување на шумските живеалишта и екосистеми во заштитените подрачја (член 54 став 1))?


Дали правното лице преземало активности за спроведување на утврдените компензаторни мерки (член 19)?


Дали правното лице недозволено не спроведува научно истражување во природата на територијата на Република Македонија (член 24)?


Дали правното лице не внесува во прометот примероци со лажна, фалсификувана или неважечка дозвола (член 30)?


Дали правното лице не превезува живи примероци спротивно на одредбите од членот 31 на овој закон?


Дали овластениот депозитар на конфискувани видови не постапува спротивно на позитивните прописи и меѓународно ратификувани договори од Република Македонија со одземените, односно запленетите видови имајќи ги предвид меѓународните ратификувани договори и позитивните прописи (член 31)?


Дали правното лице не чува алохтони диви животински видови кои можат да предизвикаат опасност по животот и здравјето на луѓето (член 32)?


Дали правното лице не постапува спротивно на забраната од членот 38 став (2) на овој закон?


Дали правното лице не користи заштитени диви видови на начин и во обем кој ја доведува во опасност поволната состојба на нивната зачуваност (член 42)?


Дали правното лице не преградува водотеци или не го намалува количеството на вода под биолошкиот минимум или не ги исушува или затрупува изворите, мочуриштата и другите водни живеалишта (член 56)?


Дали правното лице не презема активности за користењето на природните богатства покрај природните извори, покрај брегот на природните водотеци, крајбрежјето на природните и вештачките езера, како и плавените рамнини на водотеците спротивно на одредбите од овој закон (член 58)?


Дали правното лице не врши риболов или друга употреба на делови од водните живеалишта спротивно на пропишаното привремено или трајно ограничување (член 59)?


Дали правното лице при арондација не уништува или оштетува меѓни живеалишта (член 61)?


Дали правното лице го чува, односно се грижи за природното наследство кое се наоѓа на имот кој е во негова сопственост (член 113)?


Дали правното лице при спроведување на истражување и експлоатација на минералните суровини или при спроведување на други активности кои можат да предизвикаат промени на пределот ги отстрани или намали во најголема можна мера штетните последици на пределот (член 121)?


Дали правното лице недозволено не користи или уредува спелеолошки објект или негов дел (член 124 став (1) точка 1)?


Дали правното лице не презема активности за затворање на влезот, попречување на користењето или други активности кои можат да го загрозат или оштетат спелеолошкиот објект кој се наоѓа на имот во приватна сопственост (член 126 став (1))?


Дали правното лице при вршење на дејности или изградба од јавен интерес ги презема сите потребни мерки и активности за заштита на наоѓалиште на минерали и фосили (член 127 став (2))?


Дали правното лице недозволено не зема од природата минерали или фосили кои стекнале статус на природно наследство или се наоѓаат во заштитено подрачје (член 130)?


Дали физичкото лице не остава, фрла и/или напушта отпад во заштитено подрачје?


Дали физичкото лице не пали огин во заштитени подрачја?


Дали физичкото лице не фрла отпушоци од цигари во заштитено подрачје?


Дали физичкото лице не се движи надвор од патеката за посетители или на места забранети за посетители?


Дали физичкото лице непримерно се однесува во заштитеното подрачје и притоа не постапува по укажувањата на чуварската служба во заштитеното подрачје?


Дали физичкото лице не создава бучава или на друг начин ги вознемирува заштитените диви животински видови?


Дали физичкото лице се легитимира на барање на чуварската служба основана или определена од субјектите кои ги вршат работите на управување со заштитеното подрачје?


Дали физичкото лице не сече дрва или кине или на друг начин уништува загрозени и строго заштитени видови растенија во заштитено подрачје?


Дали физичкото лице ја известило чуварската служба основана или определена од субјектите кои ги вршат работите на управување со заштитеното подрачје за забележано загрозување на одредени видови или за недозволени активности кои се спроведуваат на заштитеното подрачје?