Листа за проверка согласно Закон за води

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Листата за проверка е ажурирана заклучно со 15.01.2020 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали правното лице не врши пловидба со пловни објекти и инсталации кои се придвижуваат со мотори со внатрешно согорување во заштитните зони и подрачја каде има забрана?


Дали правното лице секое испуштање во водите, крајбрежното земјиште и водните живеалишта не го врши без дозвола согласно со критериумите за квалитет на водата и целите на животната средина утврдени со овој закон и друг пропис?


Дали правните и физичките лица, вклучувајќи ги и органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје не испуштаат или фрлаат материи и супстанции во реципиентите без претходно прибавена дозвола за испуштање во водите?


Дали правното лице одговорно за работењето на постројката во случај на емисија што би можела да влезе директно или индиректно во површински води или канализациониот систем веднаш го информира органот на државната управа, како и преземање на сите пропишани мерки за спречување и намалување на негативните последици по животната средина?


Дали правното лице повторно ги користи прочистените урбани отпадни води на соодветен начин, притоа водејќи сметка за намалување до најниска можна мера на негативните влијанија врз животната средина, а по претходно прибавена дозвола од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина?


Дали тињата што се добива од прочистувањето на урбаните отпадни води не се користи повторно без претходно прибавена дозвола?


Дали правните и физичките лица кои за потребите на јавното водоснабдување или за комерцијални потреби црпат или зафаќаат вода наменета за консумирање од страна на човекот го следат квалитетот и количината на зафатените или исцрпените води и дали ги чуваат и доставуваат податоците за извршените мерења и анализи до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, како и до органот надлежен за безбедност на храна и органите надлежни за здравствена заштита?


Дали правното лице коешто управува со водоснабдителниот систем ги инсталира и ги одржува во исправна состојба инструментите за мерење и анализа на квалитетот на: 1) суровата вода во нејзината изворна состојба; 2) пречистената вода по дезинфекција и 3) водата на местата на снабдување од каде што се користи за консумирање од страна на човекот?


Дали правните и физичките лица кои согласно со прописите за заштита на природата се надлежни за управување со заштитените подрачја вршат мониторинг на водите во тие подрачја и ги доставуваат резултатите до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина?


Дали правните и физички лица ги доставуваат податоците за утврдување на степенот на загаденоста на отпадните води, како и нивното штетно влијание врз квалитетот на водите во реципиентот и за утврдување на други извори на загадување во сливното подрачје, како и други потребни податоци, до надлежниот орган за вршење на работите од областа на животната средина,согласно Законот за животната средина?


Дали правното или физичкото лице кое испушта искористени или отпадни води во водното тело или во водните екосистеми ги инсталира и ги одржува во исправна состојба мерните инструменти на местото на испуштањето, дали ги мери количините и квалитетот на водата и дали ги чува податоците за овие параметри?


Дали правното лице кое управува со водостопанските и хидромелиоративните системи податоците од евиденцијата ги доставува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина и до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на земјоделството согласно со членот 174 став (4) / 171 став (2 и 3) од овој закон?


Дали вршителите на дејноста и другите лица го известиле органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина веднаш по започнувањето со црпење или пренасочувањето на водата?


Дали сопственикот или носителот на друго стварно право врз земјиштето копа обичен бунар за снабдување со вода за пиење, за поење на добиток, за други лични потреби и потребите на домаќинството, како и за наводнување на земјиште без дозвола за користење на вода?


Дали лицето спротивно на условите определени во дозвола за испуштање во водите, односно интегрирана еколошка дозвола согласно со закон (член 79) испушта отпадни води или испушта или фрла материи и супстанци во реципиентите како и отпадни масла во канализација или во систем за одводнување, во површински или подземни водни тела, како и во крајбрежни земјишта и водни живеалишта?


Дали правното лице не врши активности спротивно на членот 104 од овој закон?


Дали изградбата на постројки и објекти или кои било работи и активности што опфаќаат преработка, постапување, складирање, отстранување или транспорт на опасни материи и супстанци и цврст или течен отпад се врши спротивно на членот 105 од овој закон?


Дали правното лице не врши употреба на вештачки ѓубрива, средства за заштита на растенијата и на биоцидални производи на растојание до 10 метри од брегот на површинските води?


Дали објектите и постројките од членот 108 став (1) на овој закон не се градат или отпочнат со работа без прибавена интегрирана еколошка дозвола, мислење или согласности кои се потребни согласно со Законот за животната средина (член 108)?


Дали правното лице не испушта ефлуент од индустриски и земјоделски течен отпад и урбани отпадни води во канализација или во систем за одводнување, во површински или подземни водни тела, како и во крајбрежни земјишта и водни живеалишта?


Дали правното лице ги исполнува мерките предвидени со оперативните планови за заштита и одбрана од поплави согласно со членот 126 од овој закон?


Дали правното лице кое управува со брани и акомулации и со заштитни насипи, ги користи и одржува на начин што обезбедува прифаќање на поплавните бранови, како и обезбедување на нивна заштита согласно со членот 129 од овој закон?


Дали правното лице врши мониторинг на состојбата со нивото и количеството на акумулираните води во акумулациите, како и на количеството на водите што влегуваат и што се испуштаат од нив и за тоа не го известуваат органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина (член 130)?


Дали правното лице во заштита и одржување на природните и уредните речни корита и бреговите на водотеците, езерата и акумулациите не постапува спротивно на членот 131 од овој закон?


Дали правното лице ги презема мерките за уредување на пороите согласно со членот 141 од овој закон?


Дали правното лице не испушта отпадни води, инсталира инструменти за мерење на испуштените количества на води и анализа на нивниот квалитет и ги одржува инструментите во исправна состојба, води записи за извршените мерења и овие податоци ги доставува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина (член 150 став (1))?


Дали правното лице не испушта отпадни води од членот 108 на овој закон, не инсталира инструменти зa мерење на испуштените количества на води и анализа на нивниот квалитет и не ги одржува инструментите во исправна состојба, не води записи за извршените мерења и овие податоци не ги доставува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина (член 150 став (2))


Дали правното лице е сопственик или корисник на хидросистемите или хидромелиоративните системи за наводнување, ги мери зафатените или исцрпените количества на вода и го следи нејзиниот квалитет на местата на црпење или зафаќање, како и податоците за количеството и квалитетот на водата ги доставува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина (член 151 став (1))?


Дали правното лице е сопственик или корисник на хидромелиоративните системи за одводнување на земјиштето на местата на испуштање на водата од одводнувањето во реципиентот, ја мери количината на испуштената вода и го следи нејзиниот квалитет, како и податоците за количеството и квалитетот на водата ги доставува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина (член 152 став (1))?


Дали правното лице го мери количеството на водата која се користи за производство на електрична енергија на местата на зафаќање, како и податоците за измерените количества ги доставува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина (член 153 став (1))?


Дали правното лице не црпи или зафаќа повеќе од 10 м³ вода за други намени различни од оние наведени во членовите 148, 151, 152, 153 од овој закон?


Дали правното лице ги мери исцрпените или зафатените количини на вода и нејзиниот квалитет и податоците од овие мерења ги доставува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина (член 154 став (1))?


Дали правното лице во случај на влошување или закана од влошување на водата или водното тело коешто го следи, веднаш го информира органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина заради преземање неопходни мерки и ги презема соодветните мерки (член 158)?


Дали правното лице не зафаќа вода од водното тело заради обезбедување вода за јавно водоснабдување, индустрија, наводнување или кои било други намени инсталира и одржува во исправна состојба, мерни инструменти на местото на зафаќање, ги мери количините и квалитетот на зафатената вода и ги чува податоците (член 165 став (1))?


Дали правното лице не испушта искористени или отпадни води во водното тело или во водните екосистеми и инсталира и одржува во исправна состојба, мерни инструменти на местото на испуштањето, ги мери количините и квалитетот на водата и ги чува податоците за овие параметри (член 165 став (2))?


Дали правното лице не управува со водостопанските објекти и постројки и го информира надлежниот орган во случај на опасност по водостопанските објекти и постројки и ги презема сите неопходни мерки и активности за намалување или отстранување на опасноста (член 166 став (3))?


Дали правното лице не управува со водостопанските објекти и постројки и ги воспоставува и одржува евиденција за тие објекти и постројки (член 171 став (1))?


Дали правните лица кои управуваат со хидромелиоративните системи (водостопанства и водните заедници) воспоставуваат и одржуваат евиденција на површините опфатени со хидромелиоративните системи, согласно со инвестиционо­техничката документација според која е изграден системот (член 171 став (2))?


Дали правното лице зафаќа вода и ги отстранува сите искористени води коишто произлегуваат од зафаќањето на водите во согласност со одредбите од овој закон (член 172)?


Дали правното лице не врши изградба на нови или реконструкција или доградба на постојни објекти, кои се наоѓаат во или покрај површинските води, објекти коишто поминуваат преку или под површинските води или пак објекти кои се сместени во близина на површинските води или крајбрежните земјишта или реконструкција или доградба на постојни водостопански објекти без водостопанска согласност (член 174)?


Дали правното лице не отпочнало со работа на инсталација за која согласно со Законот за животната средина е предвидено дека задолжително се прибавува интегрирана еколошка дозвола (член 177 став (1))?


Дали правното лице не започнало со градење пред добивање на решение за студијата за оцена на влијанието врз животната средина, под услови, на начин и во постапка утврдени со Законот за животната средина (член 177)?


Дали правното лице во текот на вршењето на изградбата, реконструкцијата или доградбата на објекти и посторјки, се придржува кон условите содржани во водостопанскaта согласност (член 180)?


Дали правното лице ги презема мерките определени под надзор и упатства на надлежниот орган, во случај кога отстапувањето од вредностите и стандардите за квалитет се должи на домашниот водоснабдителен систем или на неговото користење и одржување?


Дали правното лице не користи или употребува вода за наводнување и напојување на добиток спротивно на забраната од членот 193 на овој закон?


Дали правното лице експлоатирањето и оскултацијата на секоја брана, придружните објекти, и акумулација од посебно значење е во согласност со техничката документација, односно постапува согласно со условите утврдени во техничката документација и условите утврдени во дозволата (член 198 став (1))?


Дали правното лице управува со браните и акумулациите врши техничко набљудување и извготви посебни годишни извештаи (член 198 став (2))?


Дали правното лице не врши промени на режимот ан водите спротивно на одредбите од овој закон?


Дали правното лице не ја користи водата спротивно на членот 14 од овој закон?


Дали правното лице не определило приоритет во користењето на водите спротивно на приоритетите утврдени во членот 15 од овој закон?


Дали правното лице не наплаќа надоместок за општо користење на водите спротивно на членот 16 од овој закон?


Дали правото лице не е сопственик на земјиште или носителот на друго стварно право, црпи и користи подземна вода спротивно на членот 17, став (2) од овој закон?


Дали правното лице не врши времено црпење на води заради одводнување на земјиште спротивно на членот 18 став (1) од овој закон?


Дали правното лице не ја користи овдата спротивно на ограничувањата утврдени во членот 20 од овој закон?


Дали правното лице не постапува спротивно на обврските и ограничувањата од членот 22 на овој закон?


Дали правното лице не остварува водно право спротивно на начинот и намената определени во дозволата или концесијата (член 25)?


Дали правнот лице не остварува водно право со наследување спротивно на членот 27 од овој закон?


Дали правното лице не презема активности кои влијаат или можат да влијаат врз режимот на водите и/или морфологијата на водното тело без дозвола од надлежен орган (член 28)?


Дали правното лице не му го загрозува правото на носителот на дозволата за непречено остварување на правото од дозволата?


Дали правното лице не постапило спротивно на решението за привремена принудна управа (член 44)?


Дали правното лице не презема активности кои влијаат или можат да влијаат врз режимот на водите и/или морфологијата на водното тело по престанок на важноста на дозволата (член 47)?


Дали правното лице не презема активности кои влијаат или можат да влијаат врз режимот на водите и/или морфологијата на водното тело и покрај ограничувањето на водното право (член 49)?


Дали правното лице не презема активност кои би ја загрозиле квалитативната и квантитативната состојба на водното тело наменето за консумирање од страна на човекот во заштитните зони (член 100 став (2))?


Дали правното лице го оградил водоснабдителниот систем со кој управува и ги преземал другите потребни мерки за заштита и обезбедување на земјиштето на потесната заштитна зона согласно со членот 100 од овој закон?


Дали правното лице не врши изградба на објекти и не врши други дејства и активности спротивно на членот 100 став (5) од овој закон?


Дали објектите и постројките коишто во процесот на производство, преработка, полнење и сладирање, не користат или не применуваат опасни материи и не ги гради, поставува, работи и одржува на начин со кој се врши директно или индиректно загадување на водите (член 108)?


Дали правното лице не врши директно испуштање на приоритетни материи и супстанции и загадувачки материи и супстанци во подземните води и покрај забраната од членот 111 на овој закон?


Дали правното лице не врши депонирање или отстранување на некоја приоритетна материја и супстанција или вршењето на друга активност со која се предизвикува индиректно испуштање на приоритетни материи и супстанции или загадувачки материи и супстанции во подземните води, без претходно добиена дозвола од членот 79 на овој закон, како и спротивно на членот 111 од овој закон?


Дали правното лице не испушта индустриски отпадни води спротивно на начинот и условите дадени во дозволата од членот 115 на овој закон, односно интегрираната еколошка дозвола од Законот за животната средина?


Дали во случај на опасност од уривање на брани, пробивање на заштитни насипи, како и испуштање или прелевање на поголеми количества на вода од акумулациите што можат да предизвикаат поплави, водостопанството и други правни лица од членот 129 на овој закон обезбедиле известување и тревожење на населението на загрозеното подрачје (член130 став (2))?


Дали правните и физичките лица со своето однесување, со правилна обработка на површините или со друго дејство не создава ерозија со што се нанесуваат штети и на други објекти и ги презема заштитните мерки за спречување на ерозијата, како и мерки за отстранување на штетните последици (член 138)?


Дали правното лице не вади песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површинските водни тела без дозвола од членот 142 од овој закон?


Дали правното лице при вадењето на песок, чакал и камен се придржува кон условите во дозволата од членот 142 од овој закон?


Дали правното лице не постапува спротивно на членот 142-б од овој закон?


Дали правното лице за лични потреби или за потребите на своето семејно домаќинство, не црпи или зафаќа повеќе од 10 м³ дневно, вода наменета за консумирање од страна на човекот (148 став (2))?


Дали правното лице не постапува спротивно на членот 167 од овој закон?


Дали правното лице не управува со водостопанските објекти и не го ограничува или забранува користењето на водите спротивно на приоритетите утврдени во членот 15 од овој закон (член 169 став (1))?


Дали правното лице не управува со водостопанските објекти и ги известува корисниците на водостопанската услуга за привременото ограничување и снабдување со вода и прифаќање на водата, како и за причините за тоа (член 169 став (3))?


Дали правното лице како давател на водостопанската услуга не го исклучи од мрежата на услуги корисникот спротивно на причините наведени во членот 170 од овој закон?


Дали правното лице, како сопственик или носител на други стварни права врз соседното земјиште на земјиштето под води и крајбрежното земјиште во сопственост на Република Македонија кое се користи или зафаќа за потребите на водостопанските објекти овозможил пристап до водостопанските објекти и користење на земјиштето за сите активности за потребите на изградбата, управувањето и одржувањето на водостопанските објекти (член 173 став (1))?


Дали правното лице не ги користи водите за водоснабдување на населението, за здравствените установи и правни лица од областа на ветеринарството, за потребите на одбраната, за индустријата за производство и преработка на прехранбени производи и за напојување на добитокот за кои е потребна вода со квалитет за пиење, за други намени и на начин спротивно на одредбите од овој закон (член 181 став (1))?


Дали правното лице не врши снабдување со вода наменета за консумирање од страна на човекот којашто не ги исполнува стандардите и вредностите за квалитет или може да претставува опасност по здравјето на човекот (член 183)?


Дали правното лице ги преземал потребните мерки со цел за обезбедување на снабдување на вода за пиење во доволни количини согласно со закон (член 183)?


Дали правното лице го користи и одржува домашниот водоснабдителен систем, на начин кој нема да доведе до намалување на квалитетот на водата за пиење и ќе се овозможи вода во доволни количини (член 185)?


Дали правното лице не врши снабдување со вода наменета за консумирање од страна на човекот и притоа не врши дезинфекција на водата согласно со членот 186 од овој закон?


Дали во случај на отстапување од вредностите и стандардите за квалитет утврдени согласно со членот 183 од овој закон, правното лице кое врши јавно водоснабдување ги презема потребните мерки за обезбедување на здравствената исправност и безбедност на водата, како и ги информира органите надлежни за здравствена заштита согласно со членот 187 од овој закон?


Дали правното лице не врши јавно водоснабдување, на одделни корисници привремено им го ограничи користењето, без претходно известување на корисниците и градоначалникот на општините, на општините во градот Скопје и на градот Скопје за ограничувањето и неговото очекувано времетраење, замената на водоснабдувањето и мерките кои ќе ги преземе (член 188)?


Дали правното лице не врши јавно водоснабдување, воспостави и го информира засегнатото население за дополнителното адекватно водоснабдување во случај кога со ограничувањето се засегнати потребите на населението од вода наменета за консумирање од страна на човекот (член 188)?


Дали правното лице не врши јавно водоснабдување, воспостави и го информира засегнатото население за дополнителното адекватно водоснабдување во случај кога со ограничувањето се засегнати потребите на населението од вода наменета за консумирање од страна на човекот (член 188)?


Дали правното лице браните и придружните објекти ги проектира, гради, експлоатира и управува на начин утврден во техничката документација согласно со овој закон (член 195 став (1))?


Дали правното лице ги исполнува санационите мерки или мерки за враќање во поранешна состојба, неопходни за постигнување на целите на животната средина определени согласно со членот 90 од овој закон?


Дали правното лице не управува со браните во спротивност со членот 199 од овој закон?


Дали правното лице не управува со браните што не се определени како брани од посебно значење, воспостави и организира минимално техничко набљудување на браните со придружните објекти и акумулациите (член 200)?


Дали копањето бунар или бушотина заради црпење на вода од подземно водно тело не се врши без претходно прибавена согласност од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина (член 201)?


Дали копачот на бунар постапува согласно со членот 202 од овој закон и доставува извештај?


Дали правното лице го платило пропишаниот надоместок утврден согласно со овој закон?


Дали физичкото лице за лични потребни или за потребите на своето семејно домаќинство не црпи или не користи повеќе од 10 м³ дневно подземни води од подземните водни тела и со тоа предизвика негативни последици по тоа или по соседното водно тело (член 17 став (2))?


Дали физичкото лице не испушта отпадни масла во канализација или во систем за одводнување, во површински или подземни водни тела, како и во крајбрежни земјишта и водни живеалишта спротивно на членот 79 од овој закон?


Дали физичкото лице не користи пловни објекти и инсталации кои се придвижуваат со мотори спротивно на забраните утврдени во членовите 19 и 22 од овој закон?


Дали физичкото лице не постапило спротивно на членот 29 од овој закон?


Дали физичкото лице не врши пловидба спротивно на одредбите од членот 19 на овој закон?


Дали физичкото лице не копа бунари спротивно на членот 29 од овој закон?


Дали правните или физичките лица не вршат употреба на вештачки ѓубрива, средства за заштита на растенијата и на биоцидални производи на растојание од 10 метри од брегот на површинските води спротивно на членот 105 од овој закон?


Дали физичкото лице не користи или употребува вода за наводнување и напојување на добиток спротивно на забраната од членот 193 на овој закон?


Дали физичкото лице како сопственик или носителот на други стварни права врз соседното земјиште на земјиштето под води и крајбрежното земјиште во сопственост на Република Македонија кое се користи или зафаќа за потребите на водостопанските објекти овозможи пристап до водостопанските објекти и користење на земјиштето за сите активности за потребите на изградбата, управувањето и одржувањето на водостопанските објекти согласно со членот 173 став (1) од овој закон?


Дали физичкото лице намерно или од небрежност, не предизвикало оштетување или нефункционирање на системот за кој е потребна поправка или со тоа се предизвика загадување или ненаменско користење на водата согласно со членот 189 од овој закон?


Дали физичкото лице има ископано бунар со доставено известување согласно со членот 210 од овој закон?