Закон за семе и саден материјал од земјоделски растенија - Производители

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Листата за проверка е ажурирана заклучно со 24.01.2018 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали сте запишани во регистерот на снабдувачи на семенски/саден материјал


Дали сте запишани во регистерот на снабдувачи на семенски/саден материјал од автохтони сорти


Дали имате направено промена на условите за упис на снабдувачи на семенски/саден материјал?


Дали ја имате известено Управата за семе и саден материјал за настанатите промени на условите според кои сте запишани во регистерот на снабдувачи на семе/саден материјал?


Дали сортата од семенски/саден материјал со која се тргува е запишана во Националната сортна листа, или Европскиот заеднички каталог на сорти, или врз основ на прописите за еквивалентност на ЕУ е одобрен за трговија (со исклучок на семенски и саден материјал од овошни растенија, украсни растенија и семе од треви кои не се наменети за семенска мешавина)?


Дали имате одобрение, доколку вршите трговија со сорта која е во постапка на запишување во Националната сортна листа?


Дали вршите времена трговија со семенски/саден?


Дали ги исполнувате условите доколку вршите трговија со семенска мешавина од сорти или видови?


Дали водите евиденција за семенската мешавина, доколку произведувате семенска мешавина?


Дали го имате истакнато телефонскиот број на ДИЗ на видно место?


Дали вршите евиденција на посевите/насадите, доколку сте регистриран призводител на семенски/саден материјал?


Дали доставувате пријава за посеаните и насадени површини со семенски/саден материјал до Управата за семе и саден материјал и овластеното правно лице, доколку сте снабдувач регистриран за производство на семенски/саден материјал


Дали ја имате известено Управата за семе и саден материјал за количините на произведено, продадено и количество на залиха семенски/саден материјал?


Дали произведувате семенски/саден материјал за извоз врз основа на меѓусебен договор; или семески/саден материјал за опити, селекција, или научни цели?


Дали сте одржувач на сорта?


Дали редовно го уплатувате надоместот за одржување на сортата на Националната сортна листа?