Закон за здравјето на растенијата

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Листата за проверка е ажурирана заклучно со 24.01.2018 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали давателите на јавни услуги го известиле фитосанитарниот инспектор и/или Фитосанитарната управа за сите нови или неочекувани појави на штетни организми?


Дали е известен фитосанитарниот инспектор и/или давателите на јавни услуги кои ја известуваат Фитосанитарната управа за сите нови или неочекувани појави на штетни организми?


Дали сопственикот веднаш ја известил Фитосанитарната управа за појава на штетните организми во одредени заштитени зони или за појава на симптоми на растенија, растителни производи или други објекти и предмети и/или за сомневање за присуство на штетни организми?


Дали сопственикот ги заштитува растенијата, растителните производи или другите објекти и предмети и го спречува контактот со други растенија, растителните производи или другите објекти и предмети на начин предвиден од Фитосанитарната управа?


Дали е постапено според пропишаните одредби за откривање, дијагностицирање и уништувње на штетни организми?


Дали податоците за појава на новооткриените штетни организми се дадени и објавени со одобрение на Фитосанитарната управа?


Дали штетни организми од Листата I дел А и Листата II дел А и од Листата I дел Б и Листата II дел Б се внесени или ширени во рамките на заштитената зона ?


Дали се увезуваат или ставаат во движење растенија, растителни производи или други објекти и предмети од Листата III дел А и од Листата III дел Б во рамките на заштитена зона?


Дали се исполнети условите за исклучителен увоз или пуштање во движење штетни организми и растенија, растителни производи и други објекти и предмети?


Дали лицата кои се занимаваат со производство, преработка, увоз или дистрибуција на растенија, растителни производи и други објекти и предмети се внесени во Регистарот на производители, преработувачи, увозници  и  дистрибутери на растенија, растителни производи и други објекти и предмети?


Дали лицето одговорно за здравјето на растенијата води евиденција, води и ажурира план, врши редовни визуелни проверки за здравјето на растенијата при производство, преработка и промет со растенија, растителни производи и други објекти и предмети?


Дали малите производители или преработувачи се внесени во Регистарот?


Дали пратките за кои е задолжителна фитосанитарната инспекција се увезуваат/внесуваат на утврдените места на влез?


Дали пратките од растенија и растителни производи, пакувања и транспортни возила при увоз во земјата се предмет на фитосанитарна инспекција?


Дали пратките од растенија и растителни производи, пакувања и транспортни возила кои се увезуваат и наменети за експериментална, научно-истражувачка, селекциона или развојна работа се подложни на фитосанитарна инспекција?


Дали е известен фитосанитарниот инспектор за пристигнување на пратки од увоз или за претовар за време на транспортот и дали се спроведени мерките наложени од страна на фитосанитарниот инспектор?


Дали се исполнети процедурите за увоз на растенија и растителни производи?


Дали се исполнети условите за одобрување/одбивање на пратката при увоз?


Дали е исполнета постапката при увоз на други пратки кои не содржат растенија, растителни производи и други објекти и предмети ?


Дали се исполнети пропишаните фитосанитарни услови на земјата при извоз на пратки со потекло од Република Македонија?


Дали извозниците на пратки од растенија и растителни производи ги спровеле мерките кои ги наложил фитосанитарниот инспектор во текот на фитосанитарната инспекција на пратката наменета за извоз?


Дали пратката при транзит е пакувана на начин кој обезбедува непостоење на ризик од ширење на штетни организми и се разделува, комбинира со други пратки или се препакува на царинското подрачје во земјата?


Дали растенијата, растителните производи и другите објекти и предмети кои се движат поседуваат пасош на растенијата и истиот е прикачен на нив или на нивното пакување или на средството за транспорт како придружен документ? Дали пратките кои се пуштени во движење и се наменети за експериментални, научно-истражувачки, селекциони или развојни работи мораат да бидат подложени на фитосанитарна инспекција и мораат да бидат придружени со пасош за растенија?


Дали растенија, растителни производи и други објекти и предмети кои се движат во или во рамки на заштитена зона поседуваат пасош на растенијата, кој е валиден за таа заштитена зона, е прикачен на истите или на нивното пакување или на средството за транспорт како придружен документ ?


Дали растенијата, растителните производи и другите објекти и предмети кои се произведени, преработени или користени и кои се наменети за движење се подложни на фитосанитарна инспекција?


Дали пасошот за растенија е издаден со овластување од Фитосанитарната управа?


Дали правното лице поседува овластување од Фитосанитарната управа за издавање пасоши за растенија?


Дали е издаден пасошот за растенија за преостанат дел од растенијата, растителните производи и другите објекти и предмети, доколку не постои сомневање дека истите се нападнати и не постои ризик од ширење на штетни организми?


Дали е издадена замена на пасошот за растенија за нова пратка на регистрираниот производител, преработувач и дистрибутер?


Дали увезените пратки кои мораат да бидат придружени со фитосанитарен сертификат по спроведувањето на фитосанитарна инспекција, за да се движат во земјата поседуваат фитосанитарен сертификат кој е замена за пасошот на растенија?


Дали производителите, преработувачите, увозниците и дистрибутерите на растенија, растителни производи и други објекти и предмети ги исполнуваат условите за издавање пасоши за растенија?


Дали е овозможен пристап на фитосанитарниот инспектор до растенијата, растителните производи и други објекти и предмети во која било фаза од производството или преработката?


Дали се исполнети стручните и техничките капацитети за да се внесат, култивираат и користат автохтони видови организми заради биолошка заштита на растенија во заштитен простор и на отворено?


Дали, за биолошката заштита на растенијата во заштитен простор и на отворено, се исполнети барањара за користење егзотични видови на организми кои се во листата или се увезуваат и користат со одобрение од Фитосанитарната управа?


Дали на посевите и насадите на кои се производува семе и саден материјал е извршена задолжителна здравствена контрола и е издадено уверение за статустот на здравствената состојба на истите?


Дали на производителот, преработувачот или дистрибутерот на саден и материјал за размножување му е издаден сертификат?


Дали е доставена декларација до Фитосанитарниот инспектор и пушти во движење без дозвола од Фитосанитарната управа саден материјал и материјал за размножување од повеќегодишни растенија кој би можел да содржи штетни организми од Листата I дел А и Листата II дел А?