Закон за производи за заштита на растенијата

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Листата за проверка е ажурирана заклучно со 24.01.2018 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали се одобрени производи за заштита на растенијата и активни супстанции кои се произведуваат, пласираат и употребуваата на пазарот ?


Дали производите за заштита на растенијата се увезуваат и извезуваат само на утврдените гранични премини?


Дали во постапката за одобрување на производ за заштита на растенијата се обезбедени точни податоци и веродостојни документи?


Дали оценувањето на активните супстанции се врши врз основа на досието за активната супстанција?


Дали при одобрувањето на производот за заштита на растенијата земени се предвид условите за декларирање, пакување, пласирање и употреба, вклучувајки ги ограничувањата?


Дали производот за заштита на растенијата кој поседува дозвола за проширена употреба се користи за пропишаните цели?


Дали се исполнети барањата за издавање на исклучителна дозвола за пласирање на пазарот и употреба на производ за заштита на растенијата за ограничена и контролирана употреба?


Дали производ за заштита на растенијата се пласира на пазарот или употребува согласно на забраната или ограничувањето од Управата?


Дали веднаш е известена Управата за потенцијално опасните ефекти од кој било производ или од остатоците од активната супстанција?


Дали се исполнети барањата во однос на доверливите податоци и информации во постапката за оцена на досието на активна супстанца?


Дали се извршени официјални тестови за утврдување на ефикасноста на производот за заштита на растенијата?


Дали се исполнети баарањата во однос на пакување и декларирање на производ за заштита на растенијата кој се пласира на пазарот во рок утврден во декларацијата?


Дали лицата кои вршат производство и складираат производ за заштита на растенијата за пласирање на пазарот се запишани во Регистерот?


Дали е овозможена непречена инспекција и дали се достапни сите документи, податоци и објекти на барање на инспекторот и дали правното лице води евиденција и доставува податоци до Управата?


Во случај на паралелен увоз, дали производот за заштита на растенијата се употребува под услови утврдени во одобрението?


Дали е доставен доказ дека разликите на производот од паралелен увоз и производот кој е одобрен не влијаат врз ефикасноста на производот за заштита на растенијата?


Дали се следат сите промени на производот за заштита на растенијата во земјата од каде што се врши паралелниот увоз н ?


Дали е доставено барање за промени во упатството за употреба и другите безбедносни промени што ќе настанат кај производите за заштита на растенијата во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на промената во земјата од каде што се врши паралелен увоз?


Дали е доставено ажурирано упатство за употреба на производи за заштита на растенијата?


Дали правното лице ја чува евиденцијата за производите за заштита на растенијата од паралелниот увоз за период од пет години?


Дали е известена Управата најмалку два месеца пред да одлучи да престане да пласира на пазарот производ за заштита на растенијата за кој има добиено одобрение за паралелен увоз пред истекот на одобрението?


Дали помошните производи и биоагенси се запишани во Регистар за други производи за заштита на растенијата ?


Дали другите производи за заштита на растенијата кои се пласираат на пазарот се декларирани и означени со пропишаните податоци?


Дали се употребуваат биоагенси согласно одобрението и декларираните податоци?


Дали е информирана Фитосанитарната управа за сите податоци поврзани со производите за заштита на растенијата?


Дали поседува одобрение за употреба на производ класифициран како многу отровен Т+?


Дали производите се употребуваат, постапува со амбалажата од употребените производи, како и со неупотребените производи според пропишаните услови?


Дали производите за заштита на растенијата се употребуваат на соодветен начин?


Дали корисниците на производите за заштита на растенијата водат евиденција за секое третирање на растенијата и на растителните производи?


Дали се преземени мерки во однос на употребата на производи за заштита на растенијата за заштита на пчелите и копнените 'рбетници?


Дали опремата за апликација на производите за заштита на растенијата ги исполнува условите утврдени во сертификатот?


Дали опремата за апликација на производите за заштита на растенијата е впишана во Регистарот на опрема?


Дали правното лице ја води пропишаната евиденција во однос на опремата за апликација на производите за заштита на растенијата?


Дали опремата за апликација на производите за заштита на растенијата е тестирана во пропишаниот временски интервали?


Дали се исполнети условите за увоз и користење на опремата за апликација на производите за заштита на растенијата?


Дали е подготвен извештај за исправноста на опремата за апликација на производите за заштита на растенијата?