Текстил

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Со пополнувањето на листата за проверка ќе добиете Извештај кој има информативен карактер и ќе Ви укаже во кој дел од регулативата не сте усогласени и каде би требало да го корегирате Вашето работење. Пополнувањето е анонимно и нема јавен пристап до Вашите одговори. Последното ажурирање на листите за проверка од областа на даноци е спроведено заклучно 31.01.2020 година. Листата за проверка за Законот за работни односи е доработена и ажурирана заклучно 15.01.2020 со делот за казнените одредби и е официјална според Државниот инспекторат за труд.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Дали имате изготвено Процената на загрозеност од природни непогоди и други несреќи?


Дали имате изготвено План за заштита и спасување од природни непогоди и др. несреќи?


Дали поседувате уреди и инсталации за заштиита од пожари, друга противпожарна опрема, средства за гасење на пожари и противпожарни апарати според пропишани стандарди?


Дали имате донесено правилник за заштита од пожари и експлозии на кој согласност дава Дирекцијата?


Дали вршите периодични технички прегледи на опремата под притисокод овлaстено инспекциско тело?


Дали вршите прв технички преглед и техничкиот извештај и го доставувате до државниот инспекторат за техничка инспекција?


Дали имате изработено елаборат за заштита на животна средина и истиот го доставивте на одобрување до надлежниот орган?