Комисијата за јавно-приватен дијалог го одржа редовниот состанок во Влaдата на Република Северна Македонија

Комисијата за јавно-приватен дијалог го одржа редовниот состанок во Влaдата на Република Северна Македонија
БизнисРегулатива | 20.12.2021

 

На 17.12.2021 година се одржа состанок на Комисијата за јавно-приватен дијалог која ја сочинуваат четирите стопански комори моментално предводени од Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, г. Трајан Ангелоски и Владата на Република Северна Македонија, во просториите на свечената сала при Владата на РСМ. 

На седницата на Комисијата за јавно-приватен дијалог беа дискутирани сегменти кои го засегаат бизнис секторот во државата. Имено, на состанокот присуствуваа г. Фатмир Битиќи, Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, г. Александар Бајдевски, Заменик министер за информатичко општество и администрација, г-а Размена Чекиќ Дуровиќ, Државна секретарка во Министерството за економија, г. Борче Хаџиев, Директор на Бирото за јавни набавки, г. Милан Живковиќ, Советник на претседателот на Владата кои разговараа со претставници на стопанските комори на теми поврзани со: 

  • Предлог мерки за енергетска криза; 

  • Статус на Закон за работни односи и измени најавени за недела неработен ден и во делот на работа од дома, флексибилно работно време;   

  • Статус поврзан со активностите за парафискални давачки/укинување на парафискални давачки;   

  • Дигитализација на јавната администрација; 

  • Статус на доставеното барање од страна на МАСИТ до Биро за јавни набавки на 23.11.2021 година поврзано со неможност за исполнување на договорни обврски од договори за јавни набавки поради виша сила. 

Преку дискусија на состанокот се донесоа конструктивни заклучоци и се воспоставија идни чекори по кој Владата заедно со Платформата за јавно-приватен дијалог ќе постапува во периодот што следи се со цел усогласување на ставовите на двете страни. 


Сподели